
Животен циклус на растенијата
Во својот животен циклус, растенијата имаат т.н. смена на генерациите: диплоидно,споропродуцирачко растение (спорофит),
кое е алтернативно со хаплоиднотогаметопродуцирачко растение .
Кај растенијата митозата се случува во спорите, кои се продукт од мејозата,
а стануваат плодни во гаметофитната генерација (фаза). Големината на гаметофитот достигнува од три клетки (во поленот)
до неколку милиони (кај нижите растенија, како мововите). Смената на генерациите се случува кај растенијата каде по спорофитот следи гаметофитот. Спорофитната фаза произведува спори со мејоза во спорангиум. Гаметофитната фаза произведува гамети со митоза во антеридиум и/или архегониум. Во царството на растенијата, доминантноста на фазите варира. Кај неваскуларните растенија и мововите, доминантен е гаметофитот. Васкуларните растенија покажуваат прогресија на зголемена доминантност на спорофитот, и тоа од папратите и нивните сродници, па се до скриеносемените растенија . Ако сакате повеке да дознаете тукаhttps://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0
Comments
Post a Comment